Стевчо Јакимовски – лидерот на ГРОМ го призна поразот на парламентарните избори, по што и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска-Давкова.
– Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната самоуправа и во делот на претседателот, тоа значи апсолутна власт, а очигледно дека ќе има можност и за двотретинско мнозинство. Очекувам дека ќе има тешки одлуки, но моето политичко искуство покажува дека апсолутната власт не е на арно бидејќи таа апсолутна власт носи девијации и како резултат на тоа доаѓаме до ретроградни процеси на кои не сакаме да бидеме сведоци – рече Јакимовски.
Тој посочи дека денеска граѓаните се определиле за враќање на уставното име, за поништување на договорот со Бугарија и за реваншизам затоа што, според него, целата оваа кампања се водела во насока дека треба на некому да му се реваншираме.