Јакимовски го нарекува морон и хиена новинарот што му побарал изјава

by fokus

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, повторно со навреди кон новинарите кои му побараа изјава додека беше спроведува од полициски службеници во Основниот суд 1, каде даваше исказ во врска со кривичната пријава што Финансова полиција ја поднесе против него.

Во колумна објавена на сајтот „Инфомакс“, Јакимовски прави краток преглед на тоа што се случи вчера, осврнувајќи се и на пцовката што им ја упати на новинарите.

„Ќе не суделе за наводна злоупотреба на службена функција, и потоа ќе се чудат зошто сум го опцул оној морон кој ми бараше изјава пред судот. Замислете, мене ме спроведуваат полицајци, ме носат на судење, а тој ми се згнал со микрофонот во уста да сум му дал изјава. Што идиот треба да си, да очекуваш дека ќе застанам да ти дадам изјава во невозможни услови, ниту пак тоа ќе ми го дозволат полицајците. Уште помалку сакам да ги ставам во непријатна ситуација недолжните полициски службеници“, пишува тој.

„Најмалку пак сакам во таква ситуација да му дадам изјава на новинар од телевизиска куќа која повеќе од 7-8 месеци не побарала од мене изјава, ниту ме повикала на емисија. Во се треба да се има достоинство. Не може да бидеш хиена.  Затоа со целосен респект кон оние новинари кои професионално си ја обавуваа својата работа и известуваа од целиот спектакл“, додава Јакимовски.

Како што пишува тој во колумната обвинети заедно со него треба да бидат и оние кои биле должни да ја земат банкарската гаранција, но од нив, вели, не се зема ниту исказ. Освен тоа, додава Јакимовски, пред половина месец биле унапредени од новиот градоначалник, Стефан Богоев.

„За што? – За пропустите што ги направиле, а ги обвиниле своите колеги! Класична СДСМовска, покварена работа. Вистинска правна држава е, кога истражните органи ќе затропаат на вратата на министерот за здравство, сега и веднаш, а не после шест години и го запрашаат – „Зошто ги групираше набавките за реагенсите на едно место? Зошто ти и твоите пријатели формиравте фирма во Белград пред три месеци? Зошто формиравте фирма во Македонија со ниту еден вработен на маил жути.ком? Кој друг ви помагаше во оваа работа?“. За тоа што ние сме го правеле во општина Карпош, документите се таму и нема каде да бегаат. Ама, на министерот Филипче му овозможуваме да го повтори делото, но строгоста се тренира на опозицијата. Кога тие беа опозиција велеа дека не го признаваат судот, за разлика од нив, ние го признаваме но од него бараме само објективност, непристрасност и ништо повеќе“, порачува тој.

Поврзани новости