Јакимовски: Додека Бајден и Џонсон дојдат со тенковите, отиде Украина

by Фокус

Владимир Путин сака да ја покори цела Украина, обидот да се дојде до руската граница и да се заокружи Русија е преопасна игра, смета лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски.  Според него, нападот во Украина може да има верижна реакција низ светот.

-Кина со Тајван, на Балканот српскиот свет, имате носач на НАТО во Јадранското море, може да биде гаѓан Белград и Бања Лука. Работата е сериозна – рече тој на ТВ 24.

Јакимовски додава дека во изминатиот период пред инвазијата починале 15.000 лица.

-Во Украина се отпуштени Руси и се убиваа лица. Кога ќе изберете претседател-комичар (Зеленски) ќе си доручкувате гранати. Наместо тој да седне и да се смират тензиите, тој се обидува со закани. Додека Бајден и Џонсон дојдат со тенковите, отиде Украина – смета Јакимовски.

Поврзани новости