Јахјага не ја коментира изјавата на Рама за обединување на Албанија и Косово

by Фокус

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, не сакаше да ја коментира изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за обединување на Албанија и Косово, доколку Косово не се интегрира во ЕУ.

– Јас не коментирам ничии изјави. Тоа што велам јас за иднината не само на поедини држави од овој дел на Европа, туку на целиот овој регион, е во правец на европските и евроатлантските интеграции. Ние имаме многу што да научиме еден од друг за да допринесеме на нашата заедничка колективната агенда – европските и евроатлантските интеграции. Европската унија е единствената агенда која ке ги обедини сите народи и држави на Западен Балкан – вели Јахјага.

Таа ги оцени односите меѓу Косово и Македонија како добри, со можност дополнително да се интензивираат.

Поврзани новости