811
Селекторот на нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска, Борче Јованоски за „Фокус“ ги раскажа своите впечатоци од првата трка на Јада на ЗОИ во Пекинг.
„Спринтот не е дисциплина на Ставре. Тој со овој пласман од пласманот што го има во „спринт“ на старт е само едно место подолу. Ова беше пласман што се очекуваше, а се фокусираме на 50 километри „слободен стил“. Тоа е маратон за кон цела година тренираме и се подготвуваме“, вели Јованоски.
Пласманот во секој случај можеше да биде подобар, но општиот впечаток од настапот денешен на Ставре Јада е добар.
„Секако дека Јада можеше подобро, но и со овој пласман Ставре е на она ниво кое го имаше на старт. Јас како тренер сум задоволен“, додаде Јованоски.
Јорданчо Цветаноски