325
Шеесетгодишна тетовчанка пријавила во полиција дека психички била малтретирана од својата сестра, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 23.20 часот во СВР Тетово, Л.П. (60) од Тетово пријавила дека нејзината сестра А.П. (62), со која живее во заеднички стан, психички ја малтретирала, ја заклучила во една од собите заканувајќи и се по животот, додека на нејзината ќерка и ја заклучила влезната врата од станот и не и дозволувала да влезе внатре. А.П. била приведена и задржана во СВР Тетово за понатамошна постапка.
За настанот бил известен Јавен обвинител Тетово. Против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.