662
Портпаролката на руското Министерство за одбрана денеска преку Твитер порача дека денеска „го уништиле“ Западот без ниту еден испукан куршум.
-15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како ден кога пропадна западната воена пропаганда. Тие беа посрамени и уништени без ниту еден испукан куршум“, напиша портпаролката.
Портпаролот на Кремљ пак ги опиша предупредувањата дека Русија утре ќе изврши нов напад врз Украина како „неоснована хистерија дизајнирана да ги ескалира тензиите“.
Запрашан за реакцијата на рускиот претседател на западните извештаи за планирана инвазија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин се пошегувал „дали не е објавено точното време на војната“.