60
Саво М.(33) од српскиот град Ваљево е уапсен под сомнение дека се обидел да ја убие поранешната девојка М.Б.(36).
Според извештаите на тамошните медиуми, тој ја нападнал со секира и неколкупати ја удрил во главата.
Според неофицијални информации, тој влегол во нејзината куќа преку прозорецот и ја нападнал одзади.
Девојката во тешка состојба е пренесена во Белград.
Насилникот веќе имал забрана за приближување до девојката поради претходно пријавено насилство врз неа.