Французинот Николас Х. ја убил сопругата за да има целосна врска со својата љубовница. Љубовницата, сепак, воопшто не постоела. Станува збор за виртуелна личност со лажен идентитет која вадела пари од „сакан“ човек.
Откако признал, убиецот во средата бил изведен пред судот. Убиството се случи на крајот на јануари во градот Бесен на северот на Франција.
Утрото Николас Х.(30) повикал полиција бидејќи ја „нашол“ мртва својата една година помладата сопруга Алиса Р.
Тој изјавил дека отишол во пекара во 7 часот и 30 минути и кога се вратил во 8 часот и 10 минути го нашол нејзиното безживотно тело.
Пред истражните органи се обидел да исценира грабеж кој завршил лошо, па ја изнел верзијата дека им исчезнала заштедата.
Во текот на работата на овој случај, инспекторите откриле дека нешто не е во ред во неговата изјава, а со дополнителни објаснувања се дадени информации дека одржувал врска преку Интернет со извесна Беатрис Леру, трговец од Брест.
Вознемирен од доказите, убиецот го признал делото. Сакал да ја отстрани невенчаната сопруга, за да не му биде пречка тој и неговата љубовница да преминат од виртуелна во вистинска врска.
На крајот се покажа дека Беатрис Леру воопшто не постои и дека тоа е фиктивен идентитет на крадци преку Интернет.