Телата на двајца туристи од Германија се пронајдени во хотелска соба во шпанското одморалиште Фуертевентура.
Шпанската полиција за РТЛ потврди дека насилната смрт на туристичката двојка ќе ја третира како случај на убиство и самоубиство. Сега е познат идентитетот на жртвата и нејзиниот убиец, а се работи за пар од Ајзенах – Рубеа (45) и нејзиниот сопруг Александар Б. (45).
Кога вработените во Холидеј клубот – Алдијана влегле во собата на парот, наишле на драматична сцена. Жената била мртва на креветот и имала неколку тешки повреди на главата. До неа имало маж со најлонска кеса преку главата, а телото му било облеано во крв.
Хотелските работници биле алармирани од нивните роднини кои неколку дена не можеле да го добијат парот. Вработен ја проверил собата во која престојувала парот, а потоа ги нашол мртви.
Rabea (45) wurde von ihrem Mann erschlagen @BILD https://t.co/Wy0YnbbaZz
— esther laakmann (@EstherLaakmann) April 17, 2023
Хотелскиот комплекс каде се случи злосторството сега е целосно изолиран. Местото на злосторството е полно со индиции, но се чини дека тие покренуваат повеќе прашања отколку одговори. Двете тела биле прегледани во Институтот за судска медицина во главниот град на островот, Пуерто дел Росарио.
Обдукцијата покажа дека 45-годишната жена починала од тапа траума на главата, додека 45-годишниот маж се задушил.
Индициите сугерираат дека 45-годишникот ја убил својата сопруга, а потоа најверојатно си го одзел животот, со пластична кеса.