Ја убил сопругата и сето тоа одело во живо на Инстаграм, се трага по убиецот

by Fokus

Босанските медиуми пишуваат дека Нермин Сулејмановиќ убил најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, во Градачац, а полицијата го блокирала градот во голема потера по него.

Како што претходно беше објавено, Нермин Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.

Според новите информации, Сулејмановиќ не застанал тука и продолжил со крвавиот поход.

Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети. Сулејмановиќ наводно се уште не е уапсен.

Како што потврдија за Klix.ba од полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници добиле дојава за употреба на огнено оружје во Градачац.

„Денеска, на 10.08.2023 година, машко лице употребило огнено оружје во Градачац, при што според првичните информации се повредени неколку лица. Во тек е интензивна потрага по лицето. За инцидентот е известен кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на терен и преземаат мерки“ информира полицијата.

Поврзани новости