Во јануари 2000 година, Аргентинецот Рамон Анхел Абрегу ја убил својата бремена партнерка Ева Фалкон, поради што бил уапсен и осуден на 20 години затвор. Набрзо потоа успеал да побегне. Тој оваа недела се појавил на суд, 22 години по убиството, со адвокат.
„Кларин“ пишува дека Абрегу прво побегнал во Чиле, од каде потоа се вратил во провинција на северот на Аргентина. Наводно, цело време живеел во џунгла, скриен од луѓето, пренесува 24 сата.хр.
Веројатно повеќето заборавиле на него, а тој ги шокираше сите кога оваа недела се појавил пред судот во Сан Себастијан, со барање судот да го признае како слободна личност, бидејќи делото застарело.
Тоа го направил во придружба на адвокатот Алехандро Де ла Рива, кој презентирал документи во кои бара слобода за својот клиент бидејќи „застареноста на случајот“ е истечена.
Тој смета дека Абрегу криејќи се од властите ја отслужил казната.
Абрегу моментно е во притвор и не се знае неговата иднина, пишува „Кларин“.
– Треба да се решат одредени правни прашања – велат од судските кругови.