Дечко ја тепал поранешната девојка, затоа што не сакала да има сексуален однос со него, информнираа од МВР.
Според полицијата, синоќа во 01,00 часот Е.С.(25) пријавила дека на 07.02.2018 година околу 18,30 часот во с.Волково била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче И.А. Имено додека седеле во возилото на И.А. во еден момент тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, телото, грбот и рацете, нанесувајќи и видливи повреди по главата и телото, а потоа И.А. почнал да ја допира по телото. Причина за физичкиот напад е тоа што пријавителката не сакала да има сексуален однос со И.А. бидејки ја прекинале врската пред две недели.
Настанот е пријавен во Полициска станица Ѓорче Петров и се работи на целосно расчистување на случајот.