331
Седумдесет и осумгодишна жена била пронајдена мртва во станот во која живеела, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 15.39 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.А.А. пријавила дека во станот каде што живее на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, без знаци на живот ја пронашла својата тетка Љ.Б. (78) (со којашто заедно живееле). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи знаци на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.