Помина времето кога Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) беше и обвинител и судија во оваа држава и кога во монтирани процеси без докази се жигосуваа луѓе и се изложуваа на јавен линч.
Вака денеска кабинетот на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ја поздрави одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа, како што велат, сите наводи и лажните на СДСМ и фактите што ги достават веднаш штом бидат побарани од Министерството.
Опозициската СДСМ пред два дена објави договори што биле склучени меѓу Министерството за дигитална трансформација и фирма од Скопје, со што обвинија за скандал во оваа државна институција во кој, како што рекоа оттаму, има конфликт на интерес.
Јавноста не е со кратка меморија за каква што ја смета Кузеска и СДСМ. Свежи се сеќавањата за грабежот и безредието, кога како власт, имаше свои омилени фирми на тендерите и оние кои се склучуваа во четири очи во АД ЕЛЕМ, Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за одбрана и ФИТР.
Долга е листата на коруптивни скандали кога е во прашање владеењето на СДС со ДУИ, криминалот со јавните набавки е знак на распознавање на ова дуо. Тоа е причината за расфрлањето со лаги, за да покрие откривањето нови случаи во ФИТР, но и во Управата за матичната евиденција“, велат од кабинетот на Андоновски.