Италијанката Џиада Занола трагично загинала кога паднала од мост, а потоа ја прегазил камион на улица.
Според првите информации од полициските кругови, несреќната Италијанка при падот од мостот имала толку тешки повреди што е големо прашање дали би преживеала доколку камионот не ја прегазел.
Ја фрлил од мостот нејзиниот вереник – Андреа Февара (39).
Полицијата се сомнева дека Андреа во напад на бес ја турнал својата вереница од мостот бидејќи му рекла дека не сака да има ништо повеќе во животот со маж кој е опсесивно љубоморен и ќе ја затвори во куќата.
Иако со Андреа има тригодишно дете, Џиада, како што пишуваат весниците во Италија, неодамна им кажала на своите пријатели дека Андреа многу се променил и дека станал неверојатно љубоморен и дека многупати и се заканувал со тепање доколку таа открие дека го изневерува.
„Таа ја откажа венчавката затоа што повеќе не сакаше да биде со него. Тој беше многу љубоморен и посесивен, додека Џиада беше исклучително позитивна девојка која сакаше да живее“ – изјавил заеднички пријател.
Тој истакнува дека Џиада никогаш немала намера да си го одземе животот и дека била приврзана за својот син.
Агентите од Падова и Венеција дошле во текот на ноќта бидејќи осомничениот 39-годишен маж, партнер на трагично загинатата жена, повикал полиција и признал што и направил на својата партнерка.
Џиада и Андреа биле на мостот на автопатот, недалеку од нивната куќа, а мажот наводно ја фрлил жената преку оградата.
Осомничениот (39) моментално е во притвор каде ќе го чека почетокот на судскиот процес за убиство.