Ја напишав за една вистинска, една лажна и неколку замислени жени, вели Игор Џамбазов за новата песна

by Fokus

Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz (Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова) ја промовираа новата песна ,,Ептен љубовна” за која е снимен и видео запис.

Станува збор за нумера за која музиката и текстот се на Џамбазов, а апк аранжманот е на Гуру Харе.

-Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна… многу љубов има вложено во неа. Уживајте!, напиша Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил по објавата на новата композиција.

Спотот е снимен на неколку автентични локации низ Скопје, а режиран од Борјан Стојков.

-Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.

Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации.

Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање, порачаа од тимот на музичарите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости