Ја криел марихуаната во машините за перење на баба му, обвинение против 27-годишник од Богданци

by fokus

Против 27-годишник од селото Селемли во Општина Богданци е поднесен обвинителен акт за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што соопштија од велешкото јавно обвинителство при претрес во домот на неговата баба е откриена марихуана скриена во двете машини за перење.

„По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот, во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии. Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, информираа од таму.

Поврзани новости