Полицијата во соработка со Третото основно јавно обвинителство во Белград го уапси насилникот Љ.М.(33) кого 28-годишна девојка го пријавила за киднапирање, малтретирање и тортура. Нему му е одреден притвор до 30 дена.
Несреќната девојка дошла во полиција и пријавила дека партнерот ја киднапирал, ја заклучил во куќата и ја држел таму со денови.
„Жртвата кажала дека нејзиното момче ја однело во неговата куќа, каде по расправија ја нарекувал со навредливи имиња, а кога се обидела да му побегне, ја заклучил. Со денови ја држел под клуч. Рекла дека ја тепал, мачел и малтретирал. Во еден момент успеала да му побегне на насилникот и да оди на лекар. Таму и констатирале тешки физички повреди, а од ударите во главата и пукнала ушното тапанче“, вели извор близок до целиот случај за српски „Телеграф“.
По насилникот веднаш била започната потрага, но по злосторството, тој се криел во Белград. Како што дознава порталот, белградската полиција го уапсила во саботата, во Сурчин.