Викендов во Рим е уапсен маж откако ја избодел сопругата до смрт пред очите на нивната петгодишна ќерка.
Жртвата, 37-годишна Кинеска, била пронајдена мртва на креветот. Во станот во моментот на злосторството била и нејзината ќерка (5), јавуваат италијанските медиуми.
Жената била прободена со нож во пределот на стомакот и не можела да се спаси. Соседот кој ја слушнал како вреска повикал полиција.
Полицијата во станот го пронашла ножот со кој била прободена жената. Според медиумите, во станот имало уште две лица кои изнајмиле соба од нив и биле таму во моментот на злосторството.
Откако ја убил жената, мажот го напуштил станот, а полицијата го уапсила на улица.
„Често ги слушавме како се расправаат, не ги разбиравме бидејќи зборуваа на кинески. Синоќа слушнав женски крик кој доаѓаше од станот. После тоа некој ја отвори вратата и се симна по скалите”, рекол соседот кој повикал полиција.
Тој додал дека во станот имало и двајца станари, кинески студенти.
Засега не е познато како се случило убиството.