Триесет и седумгодишна делчевчанка вчера пријавила дека семеен пријател во нивната куќа додека не биле дома, ја допирал по телото нивната ќерка, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 12.35 часот во Полициската станица Делчево 37-годишна жена пријавила дека на 16.03.2018 година околу 20.30 часот, додека со нејзиниот сопруг не биле дома, а нивните две малолетни деца на возраст од 12 и 14 години останале дома со нивниот дедо, дошол нивен семеен пријател. Кога се вратиле дома околу 22.30 часот, синот им кажал дека, по кажување на сестра му, во дневната соба семејниот приател ја допирал по телото и и кажал да не кажува никому.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица Делчево. Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.