Ја чекал невенчаната сопруга да се врати од свадбата на нејзината ќерка во Германија, па ја убил

by Fokus

Во населбата Подгајеви, кај Живиница (БиХ) маж со иницијали М.А.(58) ја убил Ч.Т.(52), а потоа се самоубил.

М.А. и Ч. Т., како што пишува Аваз, живееле во вонбрачна заедница.

Мотивот за ова брутално злосторство, според првичните информации, е љубомора.

Невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија, каде присуствувала на свадбата на нејзината ќерка, пренесува Аваз.

Откако Ч.Т. се вратил од пат, прво дошло до расправија, а потоа и М.А. земал пиштол и ја убил невенчаната сопруга, а потоа се самоубил.

Утврдено е дека немало претходни пријави за семејно насилство.

Поврзани новости