393
На состанокот на Извршниот одбор на СДСМ кој се одржа вечерва, партијата одлучи да не оди на избори на 24 април. Опозициската партија не прифаќа да оди на избори без прочистен Избирачки список и без регулација на медиумите. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, најави повеќе информации за утре.
Претходно во текот на денот, пратеничката група на СДСМ ја напушти собраниската седница на која беше констатирана оставката на премиерот Никола Груевски и беше донесена одлука за распуштање на Собранието.