Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски

by fokus

Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата, соопштија од СДСМ по денешната седница што се одржала во Штип.

-Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност. Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата, соопштија од партијата.

Поврзани новости