Извршниот директор на Тесла го исполни ветувањето, продаде акции за пет милијарди долари

by fokus

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, го исполни ветувањето и продаде акции во вредност од околу 5 милијарди долари по анкетата што ја направи на Твитер.

Откако корисниците на Твитер гласаа за Маск да продаде 10 отсто од своите акции, фондот Маск продаде речиси 3,6 милиони акции на Тесла, во вредност од околу 4 милијарди долари, како и 934.000 акции за 1,1 милијарда, откако ја искористи можноста да купи речиси 2,2 милиони акции.

Ова е прва продажба на акции на овој производител на електрични автомобили од 2016 година.

Според Форбс 4,5 милиони акции на Маск сочинуваат околу 3 отсто од неговиот вкупен удел во Тесла, чии акции го сочинуваат најголемиот дел од неговото богатство од 281,6 милијарди долари.

Акциите на Тесла паднаа за речиси 5 отсто откако Маск изјави дека ќе продаде 10 отсто од акциите во компанијата, врз основа на резултатите од истражувањето што го спроведе на Твитер минатиот викенд.

Според аналитичарот Даниел Ајвс, Маск поседува околу 23 отсто од акциите на Тесла и има околу 10 милијарди долари данок на акциите што ќе се наплатат следното лето.

– Имам само акции, така што единствениот начин да платам даноци е да ги продадам акциите, напиша Маск на Твитер.

Маск во саботата на Твитер напиша дека ќе продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“ доколку корисниците на оваа социјална мрежа го поддржат тој предлог.

Во анкетата учествувале повеќе од 3,5 милиони следбеници на Маск, а 57,9 отсто од нив го заокружиле одговорот „да“.

Американските медиуми дека Маск се соочува со данок од над 15 милијарди долари во следните неколку месеци, што веројатно е вистинската причина поради која продава акции.

Поврзани новости