Напаѓачот на џамиите во Крајсчрч, Брентот Тарант, е осуден на казна доживотен затвор без можност за условен отпуст за убиството на 51 муслимански верник во 2019 година во Нов Зеланд.
Тој е прогласен за виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за терористички напад откако во март ја призна вината.
Казната што ја доби е прва ваква изречена во Нов Зеланд.
Судијата што го водеше судскиот процес, Камерон Мандер, при изрекувањето на пресудата рече дека зад изопачената идеологија на Тарант се крие силна омраза која го навела да нападне мажи, жени и деца кои не можеле да се бранат. Судијата посочил и дека муслиманската заедница во Нов Зеланд платила висока цела, но и дека сторителот на масакрот не успеал да ја промовира идеологијата на крајната десница.
Главниот обвинител Марк Зерифех, пак, рече дека Нов Зеланд не памети ваков масакр.
-Ова несомнено е најстрашното убиство во Нов Зеланд, мотивирано од цврсто вкоренета расистичка и ксенофобична идеологија“, рече обвинителот.