Комората на извршители на Република Северна Македонија не се согласува со предложеното намалување на тарифита за надомостокот кој тие го земаат.
-Денес Комората на извршители на Република Северна Македонија чуствува морална и етичка одговорност да ги извести медиумите и граѓаните на Република Северна Македонија дека Собранието на КИРСМ останува на одлуката од 23.12.2019 година со која изразува незадоволство со предлогот на надлежното Министерство за правда за корекција односно намалување на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите. Особено Собранието на извршителите изразува незадоволство за повторното намалување на Тарифата во тековнава година, а исклучиво од причина што со таквиот предлог извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност. Комората на извршители во секој случај останува отворена за соработка и за рашавање на сите отворени и спорни прашања по однос на системот за извршување во Република Северна Македонија, велат од Комората.