Извршителите до Пендаровски: Новиот закон може да отпишува долгови, но да не биде на штета на извршувањето

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со министерката за правда Рената Дескоска  -Треневска, оддржа средба со претставници од Комората на извршители, на која се разговарало за предложените измени на Законот за извршување, како и за предлозите за посебно законско решение за ограничување на максималниот износ на каматите во однос на главнината на долгот, за воведување на институтот „личен банкрот“ и за рокот на застареност на побарувањата.

„Претставниците на Комората на извршители на средбата истакнале дека се задоволни од законските измени кои предвидуваат отпис на два вида на долгови, односно долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, како и отпис на долговите на ЈП кон државните органи. Но, нагласиле дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето, како важен сегмент на функционирањето на правната држава. Претседателот Пендаровски го повторил својот став дека секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните“, соопштија од претседателскиот кабинет.

Поврзани новости