Во Монако денеска беше одржана ждрепката за новиот формат на фудбалската Лига на шампиони.
Во најпопуларното европско фудбалско натпреварување сезонава ќе настапуваат 36 екипи, кои ќе се натпреваруваат во лига систем.
Според новите правила, секој тим доби осум различни противници со кои ќе игра осум натпревари, четири на домашен и четири на гостински терен.
Секој бод ќе се важи за една конечна табела, па по осум одиграни кола првите осум тимови одат во осминафиналето, а оние од 9-тото до 24-тото место ќе играат плеј-оф, дома-гости за место во нокаут фазата.
Реал Мадрид на домашен терен ќе игра Борусија Дортмунд, со Милан, Салцбург и Штутгарт, а на гости ќе се соочи со Ливерпул, Аталанта, Лил и Брест.
Манчестер Сити, пак, дома ќе игра со Интер, Бриж, Феенорд и Спарта Прага, а на гости со ПСЖ, Јувентус, Спортинг Лисабон и Слован Братислава.
Црвена Звезда и Динамо Загреб исто така добија атрактивни ривали.
Звезда на домашен терен игра со Барселона, Бенфика, ПСВ и Штутгарт, а на гости кај Интер, кај Милан, кај Јанг Бојс и Монако.
Динамо (З) дома игра со Борусија (Д), со Милан, Селтик и Монако, а гостува кај Баерн Минхен, Арсенал, Салцбург и Слован Братислава.
Џирона на македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ќе игра со Ливерпул, Арсенал, Феенорд и Слован на домашен терен, а ќе гостува кај ПСЖ, Милан, ПСВ и Штурм.
Репрезентативецот Елиф Елмас со неговиот Лајпциг ќе ги пречека Ливерпул, Јувентус, Спортинг и Астон Вила, а ќе гостуваат кај Интер, Атлетико Мадрид, Селтик и Штурм.
Комплетниот распоред на натпреварите ќе биде објавен во сабота.
Првото коло се игра на 17, 18 и 19-ти септември, а од следното второ коло продолжува традиционалниот распоред – вторник и среда од 18:45 часот и 21 часот.