Извршен вонреден инспекциски надзор на сендвичарницата Гранд Бургер

by Frosina Fakova

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршиле вонреден инспекциски надзор на сендвичарницата Гранд Бургер, откако доцна попладнево добиле официјално известување од Центарот за јавно здравје – Скопје дека по добиени пријави и извршени епидемиолошки  анкети утврден е извор на зараза.

Од АХВ информираат дека на лице место е констатирано дека објектот не работи, односно, според изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден.

– Инспекциските служби на АХВ и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат по добиеното известување се упатија кај операторот со храна за да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на  фактичката состојба кај овој оператор со храна и за одредување на мерки за сузбивање на појавата. АХВ ги чека резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна во рамки на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи кои се овој случај чија истрага е во тек, стои во соопштението од АХВ.

Поврзани новости