Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година

by fokus

Извозот на гас од руската компанија Газпром надвор од земјите од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година.

Газпром ги објави овие податоци во денешната анализа на операциите во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа какорезултат на санкциите на Западот поради руската офанзива врз Украина.

Во соопштението, извршниот директор на компанијата Алексеј Милер објави дека групата извезла 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин кој не ги вклучува поранешните советски републики.

Во 2021 година, Газпром испорачал 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји.

Поврзани новости