675
Спасувачките екипи извлекоа шест од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд, соопшти локалниот кризен центар.
За да дојдат до еден од излезите на пештерата, момчињата морале да минаат по околу четири километри.
Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близина на пештерата каде се подложени на детални медицински прегледи, а потоа со хеликпотери биле пренесени во болница.
Операцијата за спасување на децата започна претпладнево по локлано време и според најавите на кризниот центар, таа ќе трае два до три дена.
– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави раководителот на центарот.