1.2K
Извидничкиот центар во Охрид вечерва на граѓаните им нуди престој во шаторите доколку нивните домови се оштетени или се плашат да останат таму, по серијата земјотреси кои го зафатија овој регион.
Обезбедени се шатори, подметачи и вреќи за спиење.
„Извиднички центар Охрид ги отвара вратите за сите оние кои имаат потреба од преноќувалиште поради денешниот земјотрес. Сместувањето е во шатори со обезбедени подметачи и вреќи за спиење. За повеќе информации обратете се на 071 296 512 – Виктор Петрушевски“, се вели во нивната порака.
Во охридскиот регион вечерва се почувствувани уште 14 други земјотреси.