Реплек фарм ја користи оваа прилика да ги информира граѓаните на Република Македонија околу квалитетот на производите од канабис линијата Каноил® и Канобил®.
Сите производи содржат влезни суровини со проверен висок квалитет и имаат јасно деклариран квалитативен и квантитативен состав. Истите се произведуваат под високи стандарди за производство и се строго контролирани од физичко- хемиски и микробиолошки аспект.
Голем број на независни и акредитирани лаборатории во Германија, Холандија, Бугарија и Америка го потврдија квалитетот на производите на Реплек фарм. Истите го верифицираа декларираниот канабиноиден состав и составот на терпени и во исто време го потврдија отсуството на тешки метали, хербални пестициди, микроби и други адитиви кои би можеле да доведат до несакани последици по здравјето.
Како доказ за врвниот и признат квалитет претставува се поголемиот интерес за нашите производи кои се веќе присутни на пазарот во Германија и Холандија.
Македонските граѓани можат да бидат сигурни дека производите на РеплекФарм во целост ги задоволуваат сите стандарди кои гарантираат квалитет и се безбедни за употреба.
Реплек фарм уште еднаш потврди дека Вашето здравје е наша обврска!