Извештајот за починатата родилка од Делчево ќе биде објавен следната недела, вели Меџити

by Fokus

Извештајот од стручната комисија за починатата 26-годишна родилка од Делчево ќе биде готов следната недела, рече министерот за здравство.

– Формираме стручна Комисија, тие се експерти кои имаат програма на работа и мислам дека идната недела ќе биде извештајот и ќе се расчисти овој случај, изјави Меџити.

Родилката, која почина на 26 декември на КАРИЛ во Скопје, беше донесена во лоша здравствена состојба од штипската Клиничка болница. Стручната Комисија, која беше формирана по препорака на инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), треба да го утврди начинот на лекување и дали се направени пропусти од страна на лекарите и медицинскиот персонал.

Бебето е во добра здравствена состоја и веќе два дена е дома.

Поврзани новости