Извештајот на Комисијата ги потврди информациите на „Фокус“ за зголемената смртност на скопска Кардиохиругија и незаконското разрешување на Јовев

by Fokus

Министерството за здравство и официјално го објави извештајот од спроведениот стручен надзор и надзор над законитоста на работата на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија – Скопје, за кој „Фокус“ веќе објави на насловната страна во последниот број на неделникот.

(АРХИВА) За 3 месеци биле оперирани 31 пациент, а починале дури 14 од нив – зголемена ли е смртноста на Кардиохирургија!?

На повеќе од десет страници извештајот покажува дека смртноста на оваа клиника е зголемена во 2023 година во однос на 2022 година, за незаконското разреѓување на картдиохиругот Сашко Јовев, како и за сите неправилности на скопска Кардиохирургија.

Поточно, во извештајот се констатира трендот на морталитетот каде е најголемото интрахоспитално зголемување во 2023 година и се бележи во групата на елективни кардиохируршки операции од 13 на 29 пациенти (13 во 2022 година, а 29 во 2023 година).

Разлики во смрноста меѓу 2022 и 2023 година има кај кардиохируршките операции, покажува извештајот од стручниот надзор. Во 2022 година починал 21 пациент кој бил опериран кардиохируршки, а во 2023 починале 38 пациенти што имале кардиохируршка операција.

Претходно, денеска на прес-конференција директорот на Кардиохирургија, Марјан Шокаровски рече дека е незаконски разрешен и дека некој сака да ја затвори клиниката. Тој исто така, зборуваше и за одредена хајка, која се води против болницата, но не кажа кој ја прави таа хајка.

Тој истакна дека информациите за наводно нестручно работење и висока смртност се со цел да се прикријат вистинските намери на министерот Илир Демири, а пласирани од некоја комисија, како што ја нарече,  која ја формирал министерот.

 „Моето разрешување е незаконски, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се разрешува, ниту да се назначува. Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, итно да реагираат. Дополнително, министерот за здравство го разреши координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија при министерството Александра Ефтимова, истовремено ги разреши и го прекина договорот на координаторот за срцева трансплантација при министерството, Адријана Ѓеоргиев.

 

Од тука се наметнува нашето прашање дали се работи за оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад врз јавното здравство. која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна. Кому тоа му одговара? – рече Шокаровски.

Според него, за фантомските пациенти на оваа клиника вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кој го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“.

Како што објавивме, доктор Јовев беше избркан од работа, но и со одлука на второстепена владина комисија, Шокаровски не го врати, туку беше вратен со декрет од министерот.

Фокус“ дојде до документи од системот Мој термин, кои за неколку месеци ја покажуваат смртноста на скопската Клиника за кардиохирургија.Според документите со кои располагаме, тие се однесуваат на месеците јуни, август и октомври, 2023 година. Исто така, во документите се наведени и податоците на пациентите кои се оперирани во тој период, од што се оперирани, како и колку од нив починале. Дури располагаме и со имињата на починатите пациенти, чиј идентитет нормално нема да го откриваме, за да не правиме дополнителни стресови на семејствата. Но, тоа што е страшно е што само во рок од три месеци од вкупно оперирани 31 пациент починале дури 14 пациенти, што е страшна  бројка.

Ирена Мулачка 

 

Поврзани новости