Вжештената политичка клима на домашно тло, по изгласувањето на измените во Изборниот законик без постигнат консензус во албанскиот Парламент, ги стави во втор план извештаите на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон Европската унија.
Медиумите пренесоа акценти од извештајот што го презентираше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, но до сега нема конкретни реакции.
Премиерот Еди Рама синоќа по партиска средба изјави дека не е запознат со целиот текст.
-За волја на вистината, сеуште не сум го прочитал бидејќи бев многу ангажиран цел ден со друга работа а утре ќе го пречекам еврокомесарот Вархеји и ќе разговараме долго. Но, секако дека се чувствувам добро, бидејќи тоа е сосема поинаков процес од она што го сакаат да им го претстават на албанските граѓани оние што зборуваат во име на Европа, рече Рама.