Извештај на Стејт департмент: Обвинителите ги пробиваат роковите за истрагите и не сносат одговорност

by Fokus

Во најновиот Извештај за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија, се посочува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите.

Во Извештајот се забележува и дека судската непримерност, прекумерниот притисок врз судиите, одложената правда и несоодветното финансирање на правосудството и обвинителството и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и дека тоа влијае врз јавната доверба во правосудството. Исто така, се забележува и дека владата демонстрира поголема почит за независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.

 

Поврзани новости