Извесен е влезот на Алтернатива во Владата, тврди Шилегов

by Фокус

Петре Шилегов, во пресрет на вечерашните седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, изјави дека нема да се расправа за оставката на премиерот Зоран Заев.

Според него, треба да се разговара за окрупнување на политичкото мнозинство, при што, како што рече, извесно е дека Алтернатива ќе влезе во власта.

-Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енерегетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки. Не знам дали ќе се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев. Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија – изјави Шилегов.

Наспроти тоа, Сања Лукаревска и Мухамед Зеќири изјавија дека, меѓу другото, ќе се разговара и за оставката на Заев.

По оставката на Заев што се очекува, ќе се покрене постапка за внатрепартиски избори, во чии рамки треба да се избере нов лидер со непосредно гласање.

Оставката на Заев пред партискиот врв

Поврзани новости