375
Новинарката на утринската програма на Сител, Кристина Атовска, е избркана од Сител телевизија затоа што на еден портал објавила колумна со која ја искритикувала власта и екс- министерката за внатрешни работи Јанкуловска.
Таа денеска одржа прес конференција заедно со претседателката на Синдикатот на медиумски работници, Тамара Чаусидис.
-Ова не е прв случај новинар да биде избркан заради јавно искажан став. Сител треба да ја препознае вредноста на новинарката и да ја врати на работа. Ова е потврда дека новинарите кои се хонорарно ангжирани најлесно се држат по контрола“- изјави Чаусидис.