Најмалку три лица загинаа во пукање врз автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.
Возачот на автобусот загинал на лице место, а подоцна на повредите им подлегнале двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години. Косовските медиуми јавуваат дека кон автобусот пукале повеќе маскирани лица со автоматско оружје.
Бројот на повредени се уште не е познат, но Итната медицинска помош постојано довезува настрадани од Дечани кон Пеќ.
-Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.
Приштинските медиуми јавуваат дека е пукано кон автобусот со ученици, додека од полицијата за Газета Експрес потврдиле дека автобусот сообраќал на линија Ѓаковица-Дечани.