Изречени 23 парични казни на продавници за храна

by Fokus

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ) минатата недела спроведоа 192 вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна.

Како што информирааат од АХВ, била контролирана исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.

„Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.

За утврдените недостатоци, издадени се вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни. Уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт“ соопштија од АХВ.

Поврзани новости