Израелците се пофалија: Целосно го изолираа Појасот Газа од остатокот од светот

by Fokus

Израелската армија објави дека стигнала до медитеранскиот брег на милионскиот град Рафах на југот од Појасот Газа и на тој начин целосно ја презел контролата над коридорот Филаделфија, со што го изолирала Појасот Газа од остатокот од светот, јавува Анадолија. .

ИД (Израелски одбранбени сили) минатата недела објавија дека воспоставиле „оперативна контрола“ на целиот пат долж границата меѓу Египет и Појасот Газа.

Тогаш се зборуваше дека војниците биле распоредени на поголемиот дел од граничниот коридор и дека останал мал дел во близина на брегот каде што нема копнени сили, но дека областа е контролирана со надзор и оган.

Жителите изјавија за Ројтерс дека израелските тенкови напредуваат позападно во Рафа, кон Средоземното Море.

Тие соопштија дека оклопните возила презеле поголема контрола долж границата со Египет и дека биле извршени неколку упади во централниот и западниот дел на градот.

Здравствените власти објавија дека двајца Палестинци загинале, а неколку се ранети во артилериски оган западно од Рафах.

Некои жители пријавиле дека виделе тенкови во областа Ал-Изви на крајниот северозапад од Рафах во близина на брегот на Средоземното Море.

Израел објави дека не е подготвен да и дозволи на палестинската управа, која владее со делови од друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег, да учествува во контролата на граничниот премин Рафах, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на четворица американски и израелски претставници. .

Граничниот премин Газа-Египет е затворен од почетокот на мај кога израелската армија ја презеде контролата врз нејзината палестинска страна.

Египет соопшти дека одбива повторно да го отвори додека не се врати под палестинска контрола, за да избегне да биде соучесник во воената операција на Израел во Рафах.

Под притисок на САД, двете страни минатата недела начелно се согласија да го отворат преминот за хуманитарна помош, но нема напредок кон постигнување на таа цел.

Два израелски извори изјавија за Аксиос дека пред состанокот за ова прашање во недела во Каиро, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на неговиот кабинет дека не е подготвен да дозволи палестинската управа да го контролира преминот.

Поврзани новости