Израелците објавија: Убивме еден од главните команданти на Хамас

by Fokus

Убиен е командантот на баталјонот Деир ал Балах на Хамас – Ваел Асефа, соопшти ИД (израелската армија).

Асефа помогна да се испратат илјадници терористи да нападнат, киднапираат и убиваат израелски цивили на 7 октомври, објави ИД на платформата X.

Израелците објавија дека Асефа бил еден од командантите кои на 7 октомври, кога започна конфликтот, наредил инвазија на милитантите на Хамас од Појасот Газа во јужен Израел.

Како што понатаму наведоа, Ваел Асефа бил во затвор од 1992 до 1998 година поради планирање и извршување терористички напади на територијата на Израел.

Според нивните тврдења, Асефа планирал последователни напади врз Израел. Не е соопштено каде точно е убиен овој водач на баталјон на палестинската група Хамас.

Поврзани новости