163
Најмалку шест лица загинаа, а 15 се ранети во денешниот израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.
Во нападот, како што објавија два неименувани либански безбедносни извори, убиен е еден од командантите на Хезболах, Ибрахим Кубаиси, пренесе Ројтерс.
Како што се наведува, Кубаиси бил еден од водечките команданти на ракетната единица на Хезболах.
На фотографиите од местото на настанот се гледа дека се зафатени горните два ката од станбената зграда.
Израелската војска претходно објави дека извршила „целни“ воздушни напади врз упориштето на Хезболах во Бејрут.