Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им рекол на војниците на границата со Газа дека наскоро ќе ја види Газа „од внатре“, соопшти неговиот кабинет, што изгледа како сугестија дека се приближува копнена офанзива.
„Сега ја гледате Газа од далеку, наскоро ќе ја видите одвнатре. Наредбата ќе дојде“, рече Галант.
Израел нареди повеќе од милион Палестинци да се евакуираат на југ пред очекуваниот копнен напад. Израелската армија во текот на викендот објави дека е подготвена за „значајна“ операција по копно, море и воздух, но не прецизираше кога ќе започне офанзивата.
Десетици илјади војници се собраа долж границата откако милитантите на Хамас извршија смртоносен напад на 7 октомври. Израелците одговорија со контранапад, односно жестоки воздушни напади врз Појасот Газа. „Њујорк тајмс“ пред неколку дена објави дека Израелците планирале да извршат копнен напад минатиот викенд, но доцнеле поради лошите временски услови.