429
Израелските министри добија сателитски телефони поради загриженост дека телефонските линии може да се оштетат доколку Иран ја нападне земјата, објавија денеска израелските медиуми.
„Владините министри добија сателитски телефони како форма на подготовка за можна одмазда за убиствата на главниот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, за чија смрт во голема мера се обвинува Израел“, пишува порталот „Инет“.
Сателитските телефони, наводно, биле дистрибуирани поради загриженоста дека нападот на Иран или Хезболах може да ги уништи телефонските линии и да ја наруши мобилната мрежа, пишува „Тајмс оф Израел“.