Копнените сили на Израел вечерва ги прошируваат своите операции, објави портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, и им порача на жителите на градот Газа да се повлечат кон југот на Појасот.
Хагари на социјалните мрежи наведе дека израелските воздушни напади во Газа од неодамна се зголемени, сигнализирајќи дека копнените сили ќе ја „прошират својата активност“ во наредните часови.
Милитантната група Хамас, пак, соопшти дека е подготвена за најавената израелска инвазија на Појасот Газа.
Во меѓувреме, Палестинската црвена полумесечина соопшти дека изгубила секаков контакт со своите оперативни тимови кои дејствуваат во Газа и изрази загриженост оти луѓето нема да може да контактираат со интите служби.
Освен Црвената полумесечина, и други хуманитарни организации известуваат дека не можат да контактираат со своите центри и тимови во Појасот Газа.