283
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска соопшти дека срцето на целата нација е скршено откако припадниците на војската ги пронашле телата на шестмина убиени заложници во Газа.
„Во име на целата држава Израел ги носам нивните семејства во моето срце и барам прошка затоа што не можевме безбедно да ги донесеме вашите најблиски дома“, се вели во соопштението на претседателот Херцог.
Тој посочи дека убиството на заложниците ја докажува подготвеноста на Хамас да изврши злосторства против човештвото, нагласувајќи дека „светата цел“ на Израел е да ги врати заложниците дома.