Израелскиот премиер Нафтали Бенет предупреди дека два до четири милиони Израелци најверојатно ќе бидат заразени со коронавирус во последниот бран на пандемијата.
Бенет на социјалните мрежи објави дека оваа тема била на дневен ред на денешната владина седница и дека го разбира незадоволството од долгите редици пред центрите за тестирање и скапите тестови.
Од почетокот на пандемијата, 1,5 од скоро 9,5 милиони Израелци биле позитивни на ковид-19.
Во саботата во Израел се реaгистрирани повеќе од 17.500 случаи на инфекција, нешто помалку отколку во петокот, кога беше регистриран дневен рекорд на нови инфекции, дури 18.831.
Инаку, четвртина милион луѓе во Израел ја примиле четвртата доза од вакцината против коронавирус, а минатата недела почна вакцинацијата со втора бустер за лицата над 60 години.